Челниците на АБА лигата во март ќе организираат состанок на кој ќе се одлучи дали тим од Дубаи ќе биде примен во регионалното натпреварување.
За да се случи ова, сите членови мора да се согласат пo ова прашање. Покрај ова прашање, челниците на АБА лигата ќе зборуваат и за бројот на клубови, кои од следната сезона би можел да биде 15, наместо најавените 16.
Ќе се зборува за укинување на т.н национален клуч, што би овозможило влез на уште екипи во АБА елитата, без разлика дали се пополнети квотите од одредни земји, како на пример Србија.