Шест фудбалери на Баерн (М), наводно, го саботираат тренерот Томас Тухел. Веќе неколку недели се зборува за незадоволството на поединци, а „Билд“ откри кои играчи сакаат да го испратат Тухел надвор од „Алијанц Арена“.
Според „Билд“ станува збор за шест фудбалери: Томас Милер, Џошуа Кимих, Леон Горецка, Матијас Де Лихт, Матијас Тел и Серж Гнабри.
Предводници на групата се Кимих и Горецка кои уште од стартот протестирале за смената на Нагелсман.