Во Гевгелија се играше за Пена: Никогаш нема да биде заборавен!

189

Кожув во чест на својот млад ангел Иван Пенов, чиј живот прерано згасна, организираше два младински натпревари. На првиот меч во салата „26 април“ на теренот се одигра мечот во М-16 категорија меѓу Кожув и Спортисимо, додека на вториот натпревар во М-18, Кожув го пречека МЗТ Скопје.

„Што и да изјавиме за тебе малку е..Почивај во мир златно детенце. Твоите соиграчи,тренери,другари вечно ќе те паметат. Ќе ечи од грлата на ФАНТОМИТЕ Пена ти си дете фантомско. Гевгелија секогаш ќе те сеќава. Се надеваме дека не гледаш некаде од зад облаците и се гордееш со твоите другари и соиграчи кои прават се за твоето име никогаш да не се заборави.. Во нашите срца ќе живееш вечно и засекогаш ќе останеш дел од нас, како на терените така и на трибините“, порачаа од Кожув.

ПретходноМурињо го поддржи Белингем
СледноИнтер-Атлетико: Поранешните соиграчи еден против друг како тренери