Гвардиола се извини: Жал ми е што те уништив критикувајќи те дека си дебел

1844

Калвин Филипс до неодамна живееше во бајка. Како член на второлигашот на Лидс стана репрезентативец на Англија во 2021 година и се истакна на ЕП во летото истата година, особено во победата над Хрватска, а до финалето ги одигра сите натпревари на ЕП како член на првиот тим. На крајот на 2020/21 година, Англиската фудбалска асоцијација го прогласи за најдобар репрезентативец во сезоната.

Следното лето беше купен од Манчестер Сити за 42 милиони фунти, со што Филипс стана најскапиот играч во историјата на Лидс. Гвардиола плати цело богатство за него и го донесе со Халанд.

Но, метеорскиот пораст на Филипс набрзо заврши. Пред Божиќ 2022 година, Гвардиола јавно го критикуваше дека го вратил дебел од Светското првенство. Сето ова психички го дотепа Филипс, никогаш не се опорави. За година и пол во Сити беше само стартер на шест натпревари, па пред еден месец отиде на позајмица во Вест Хем, но таму игра слабо.

Токму затоа Пеп Гвардиола на прес-конференција за медиумите беше запрашан за него.

Филипс имаше многу лош старт на позајмица во Вест Хем. Рековте дека се вратил дебел од СП. Тоа му ја уништи самодовербата и беше најлошиот момент во неговата кариера. Дали жалите што јавно го критикувавте дека има вишок килограми?

„Да, се извинувам. Згрешив еднаш во осум години, така што не е толку лошо, но многу ми е жал. Му се извинувам, извини“. 

ПретходноЧекор напред: ФФМ ја претстави идејата за брендирање на женската лига!
СледноМурињо го поддржи Белингем