Интер-Атлетико: Поранешните соиграчи еден против друг како тренери

176

Интер – Атлетико на „Џузепе Меаца“ (21 часот) е мечот на денот во осминафиналето на Лигата на шампионите. Тоа е посебен меч за тренерот на Атлетико, Диего Симеоне кој играше за италијанскиот клуб кон крајот на деведесеттите години на минатиот век и беше дел од тимот кој го освои Купот на УЕФА во 1998 година.
Уште нешто интересно е што Симеоне и тренерот на Интер, Симоне Инзаги беа соиграчи во Лацио.
Интер ја помина групата без пораз (три победи и три ремија), а игра одлично во Серија А и се на врвот на табелата. Атлетико заостанува во трката по титулата во Ла Лига, а исто така ја помина групата без пораз (четири победи и две ремија).

Во денешната програма е и мечот во Ајндховен помеѓу ПСВ и Борусија Дортмунд. Борусија успеа да ја помине „групата на смртта“, а се уште не е поразена во 2024 година но има една победа на последните три меча. Се вкупно формата на Борусија е променлива и има 11 победи од 22 меча (50% на успешност), а во ЛШ има три победи, две ремија и еден пораз во групата.

ПСВ „гази“ во холандската Ердивизија (20 победи и две ремија и гол разлика 70:10), меѓутоа играчкиот квалитет е под нивото на Борусија. Сепак, на кормилото на ПСВ е Петер Бош кој беше тренер на Борусија Дортмунд. Тој не се прослави на кормилото на германскиот тим и не издржа ни една сезона.
ПСВ негува напаѓачки фудбал, имаат сериозен напаѓачки арсенал во Лук де Јонг, Ирвинг Лозано, Малик Тилман, Џои Ферман и Јохан Бакајоко.
И Терзиќ негува офанзивна формација во Борусија, па на овој меч се очекуваат голови.

МОЖНИ СОСТАВИ
ИНТЕР – АТЛЕТИКО
Интер: Зомер – Павар, Де Фрај, Бастони – Дармијан, Бареља, Чалханоглу, Мхитарјан, Димарко – Мартинез, Турам
АТЛЕТИКО: Облак – Молина, Савиќ, Хименез, Хермосо, Реинилдо – Де Паул, Коке, Саул – Гризман, Љоренте

ПретходноВо Гевгелија се играше за Пена: Никогаш нема да биде заборавен!
СледноМарсеј го претстави новиот тренер пред мечот со Шахтјор во ЛЕ