ЛШ: Арнаутовиќ го „скрши“ Атлетико, Борусија со реми во Ајндховен (ВИДЕО)

304

По голема борба, европскиот вицешампион Интер дојде до минимална победа од 1:0 во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите против екипата на Атлетико (М). „Нероаѕурите“ имаа многу повеќе од играта на вечерашниот прв дуел, додека гостите од Шпанија уште од стартот покажаа дека ќе се обидат да извлечат повелен резултат, по можност, да заминат со празна мрежа.

Сепак, по неколкуте пропуштени шанси во првиот и на почетокот на вториот дел, Марко Арнаутовиќ успеа да собере еден „отпадок“ во шеснаесетникот на Јан Облак и во 79. минута (ВИДЕО) да донесе голема радост на трибините на „Џузепе Меаца“. Фактот што Атлетико (М) мечот го заврши без директен шут на голот на Интер, јасно зборува за начинот на кој Шпанците играа вечерва во Италија.

Во вториот дуел во Ајндховен, ПСВ успеа да се избори за реми, откако Борусија (Д) со голот на Мален во 24 минута (ВИДЕО) успеа да го отвори резултатот. Предноста за „милионерите“ беше активна се до 56. минута, кога Лук Де Јонг погоди од белата точка за израмнување (ВИДЕО). Германците можеби имаа и оправдани негодувања за досудениот пенал, но судиите останаа на одлуката.

Борусија (Д) со поволен резултат заминува на реваншот кој ќе го одигра пред своја публика.

ПретходноХаланд за минимална победа на Сити против Брентфорд (ВИДЕО)
Следно„Билд“: Шест фудбалери на Баерн го „местат“ Тухел