Македонија од втор шешир ќе атакува кон ЕП 2026

486

Машката репрезентација на Македонија во квалификациите за ЕП 2026 ќе стартува како репрезентација од вториот шешир. Македонија е заедно со Австрија, Црна Гора, Србија, Полска, Чешка, Фарски Острови и Грција што значи дека нема да може да им се падне една од овие репрезентации.
Репрезентациите се поделени во четири шешири со по осум екипи од кои ќе бидат формирани осум групи со по четири репрезентации.
На ЕП што ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка во 2026 година ќе се пласираат двете првопласирани и четири најдобро третопласирани* (предвид се земаат само резултатите со првите две во групата).
Ждрепката ќе се одржи на 21 март во Копенхаген.

1 ШЕШИР:
Германија, Шпанија, Унгарија, Исланд, Хрватска, Словенија, Португалија, Холандија
2 ШЕШИР:
Австрија, Ц. Гора, Србија, Полска, Чешка, Македонија, Ф. Острови, Грција
3 ШЕШИР:
БиХ, Словачка, Белгија, Швајцарија, Романија, Литванија, Украина, Италија
4 ШЕШИР:
Финска, Израел, Естонија, Грузија, Турција, Луксембург, Косово, Летонија

ПретходноМиљан Радовиќ не е повеќе тренер на Воска
СледноЗахариевски е новиот тренер на Воска