Жозе Мурињо одамна не е во Реал Мадрид, но секако ги следи случувањата во „кралскиот“ клуб.
Посебно го пофали Џуд Белингем, застана во негова одбрана поради неговиот начин на радување. Како што знаете, Белингем ги прославува своите голови подавајќи ги рацете кон навивачите, често и кон противниците, но Мурињо не гледа ништо лошо во тоа.
„Начинот на кој Белингем ги прославува головите не е арогантен. Тој не сака да покажува непочитување, туку да каже „Тука сум, го направив тоа повторно“, рече Мурињо.
Белингем е најдобар стрелец во Ла Лига оваа сезона со 16 голови и доколку продолжи вака и Реал Мадрид ги освои најважните трофеи, дефинитивно ќе биде кандидат за Златната топка.