Поради шлаканицата, Јовиќ ќе се „лади“ два меча

217

Напаѓачот на Милан, Лука Јовиќ е казнет со суспензија од два натпревари поради шлаканица која му ја удри на противничкиот играч на натпреварот против Монца минатиот викенд. Кога противникот водеше со 2:0, српскиот напаѓач му удри шлаканица на Арманд Ицо, кој го држеше со раце.

Јовиќ тоа го направи и пред судијата Андре Коломбо, кој веднаш му додели жолт картон. Но, по асистенција од ВАР собата тој ја промени претходната одлука и му даде директен црвен картон на Јовиќ.

ПретходноКлоп: Не е добро, имаме многу повредени, Жота ќе паузира со месеци
СледноИААФ најави помени на правилото за скок во далечина, Карл Луис со коментар: Не се шегувајте!