Френки де Јонг би можел да биде еден од играчите кои би можеле да ја наполнат касата на Барселона следното лето, а првата понуда стигна од ПСЖ.
Каталонските медиуми истакнуваат дека ПСЖ е повторно заинтересиран за Де Јонг, исто како кога тој од Ајакс се пресели во Барселона.
Сепак, понудата на парижаните е под сите очекувања, а изнесува само – 60 милиони евра.
Барселона во неколку наврати изјави дека Де Јонг може да оди само ако понудата надмине 100 милиони евра, па јасно е дека понудата на парижаните е навредлива за нив.
Де Јонг игра променливо, но сепак е еден од најдобрите играчи на Барселона и еден од најдобрите во Европа на својата позиција.
Секако, многу ќе зависи од новиот тренер на Барселона, ќе видиме дали Де Јонг ќе биде недопирлив или навистина ќе замине, секако не за само 60 милиони евра.
Да потсетиме, Барселона во летото 2019 година плати 75 милиони за трансфер на холандскиот репрезентативец.