Македонската кошаркарска репрезентација во петок почнува квалификациски цисклус за пласман на ЕП 2025 година. Нашата земја на едно континентално натпреварување последен пат беше во 2015 година во Хрватска, па сега има шанса да ја промени оваа лоша традиција кога станува збор за европската сцена.
Нема да биде лесно, зошто Македонија е во група со Естонија, Полска (домаќин на ЕП 2025) и Литванија. За двете места кои водат на ЕП 2025 година ќе се бори против Естонија и Литванија. Наша шанса се Естонците и мечот во петок на домашен терен.
ФИБА го извади првиот рејтинг пред стартот на овие квалификации, а според него Македонија не е во списокот на 24 репрезентации кои имаат најголеми шанси да се најдат на ова натпреварување.
Во овој поредок, Македонија е сместена на 28-та позиција, Литванија е петта, додека Полска 12-та, Естонија е 22.
Во објаснувањето на ФИБА стои Ти-Џеј Шортс, кој нема да биде во комбинација за февруарскиот прозорец, бидејќи Македонија е дефицитарна под обрачите, па шанса ќе добие новиот Американец, Итан Хап.