За прв пат втората Бундеслига во фудбал е попосетена од најсилната

330

Втората Бундес лига во Германија за прв пат е пред Првата Бундес лига по број на посетители на натпреварите во оваа сезона. Во вкупно 10 натпревари изминатиот викенд, второто ниво во германскиот фудбал бил попопуларен од првото.
Германското списание „Кикер“ соопштува дека вкупно 284 643 гледачи ги посетите стадионите од Цвајте за натпреварите од 22. коло, додека на средбите во најсилната Бундес лига имало 261 099 гледачи.

Шалке 04 и Херта Берлин играа натпревари дома пред повеќе од 50 000 гледачи, поточно на дуелот меѓу Шалке и Вехен имаше 60 542 гледачи, а Херта против Магдебург играле пред 52 652 гледачи. Најпопуларните клубови во Првата лига, Бундес Борусија Дортмунд и Баерн Минхен ова коло играа како гости па поради тоа бројката е помала. Најмногу гледачи имало на мечот од петокот меѓу Келн и Вердер (50 000 гледачи) и Лајпциг против Менхенгладбах (44 822 гледачи)…

Инаку 261 099 гледачи е најмалиот број на гледачи во Бундес лигата по укинувањата на ограничувањата поради Корона вирусот. Рекорден број на гледачи бил регистриран во 33 коло од сезоната 2009/10 и имало 485 210 гледачи.

Во втората Бундес лига, бројката од 284 643 е надмината два пати во историјата – два пати сезонава: во 6.коло имало 297 163 гледачи и во 12 коло со 292 128 гледачи, но во тие случаеви, сепак, не ја надминала бројката на гледачи во најсилната Бундес лига.

 

ПретходноОва е најбрзиот гол во историјатa, побараа и од Гинис да им го верификува рекордот (Видео)
СледноЛиверпул има приоритетна трансфер цел за следната сезона