Македонскиот стратег Срѓан Захариевски е новиот тренер на Воска спорт. Прволигашот денеска го отпушти црногорскиот стратег Милјан Радовиќ кој очигледно не ги исполнил очекувањата на раководството. Захариевски и раководните луѓе на Воска се договориле и се чека само официјална промоција.
По првиот дел од сезоната и по првото пролетно коло Воска се најде на 10-тата позиција и во зоната на бараж за опстанок. Екипата има скор од пет победи, пет ремија и девет порази. Популарниот Срле ќе има задача да го спасува тимот од испаѓање.
Захариевски како тренер работеше во Металург од Скопје, во Пелистер, а последен клуб му беше Струга ТЛ.