На крајот на минатата година, дефанзивецот на Лутон, Том Локер колабрираше за време на мечот со Борнмут во Премиер лигата. Играчот доживеал срцев удар, но докторите го спасија.
„Бев мртов 2 минути и 40 секунди. Имав среќа што нападот се случи на теренот. Да се случеше на друго место можеби немаше да бидам жив. Татко ми и девојка ми беа на трибините, веднаш сфатија дека се случи нешто сериозно.
Им благодарам на докторите кои побрзаа и ме спасија. Не можам да кажам дали ќе се вратам на играта. Мило ми е што искусив играње во Премиер лигата, за играњето за репрезентацијата (Велс) но ако докторите ми речат да престанам да играм – ќе престанам“, изјави Локер.
Luton captain Tom Lockyer explains how his newly-fitted defibrillator will ‘give him a shock’ if his heart-rate goes outside of the normal parameters 💭 pic.twitter.com/pYFps3A5vF
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) February 20, 2024