Итан Хап го одработи првиот тренинг, се чека уште Војдан Стојановски

276

На вториот тренинг на нашата најдобра селекција, денеска се приклучи новиот Американец, Итан Хап. Овој 27. годишен центар на шпанската Гран Канарија ќе биде нашиот адут за играта во рекетот, што беше и основата причина поради која на оној краен список го нема Ти-Џеј Шортс.

Сега останува уште во селекцијата да го видиме и предводникот на теренот, Војдан Стојановски, кој ги „одработува“ терапиите кои ги препиша лекарскиот тим, кои треба да му помогнат да биде подготвен за првите предизвици во новиот квалификациски циклус, сега за Евробаскетот во 2025 година.

Македонија во петок на домашен терен ја пречекува Естонија, три дена подоцна игра против Полска на гости.

ПретходноФИБА засега не ја гледа Македонија на ЕП 2025!
СледноСинер: Јас сум еден од најдобрите, но Ноле е Ноле