Клоп: Не е добро, имаме многу повредени, Жота ќе паузира со месеци

119

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп денеска потврди дека Диого Жота ќе биде надвор од терените со месеци поради повредата на коленото здобиена на натпреварот против Брентфорд.

Португалецот беше изнесен од теренот на носилки пред крајот на првото полувреме, откако играчот на Брентфорд, Кристијан Норгард падна врз него.

„Опоравувањето на Жота ќе трае со месеци“, изјави Клоп.

Португалските медиуми објавија дека Жота ќе отсуствува околу два месеци, но дека неговото враќање се очекува на крајот на сезоната, пред Европското првенство во Германија.

Голманот Алисон Бекер исто така беше повреден.

„Не е одлично, дефинитивно не е. Би сакал да кажам дека нема никакви проблеми, но очигледно имаме. Повреди на мускулите. Трент и Доминик се враќаат, но тие се уште не се со тимот на тренинзите“, изјави Клоп, кој го подготвува тимот за утрешниот меч со Лутон.

ПретходноЕндрик го добива дресот со број 9 во Реал (М)
СледноПоради шлаканицата, Јовиќ ќе се „лади“ два меча