Ова е најбрзиот гол во историјатa, побараа и од Гинис да им го верификува рекордот (Видео)

529

На 19 февруари на мечот меѓу Кројдон и Кокфостерс во деветтата англиска лига падна гол по само 2,31 секунди игра! Само што се тргна од центарот, следуваше силен шут по кој топката заврши во мрежата.
Голот го постигна 36-годишниот напаѓач Рајан Хол, кој е член на Кројдон, а е поранешен играч на Лидс и Лутон таун.
„Голот е постигнат во 2,31 секунда, што е најбрзиот гол во сениорскиот фудбал“.
Од клубот испратија барање до Гинисовата книга на рекорди да биде регистриран овој погодок како најбрзиот во историјата на фудбалот.
Во Гинисовата книга на рекорди на првото место стои името на Рикардо Оливера од Уругвај кој постигнал гол во 2,8 секунда од мечот во декември 1996 година.

ПретходноЗахариевски е новиот тренер на Воска
СледноЗа прв пат втората Бундеслига во фудбал е попосетена од најсилната