Реал одлучил: Ќе го откупи договорот на Хоселу

312

Хоселу најверојатно ќе продолжи да игра за Реал Мадрид и следната сезона.

Шпански „Ас“ објави дека прашањето за откуп на договорот на напаѓачот кој како позајмен од Еспањол настапува за „кралевите“ е речиси решено. Реал ќе треба да плати 1,5 милиони евра за него и тоа ќе го стори во јуни.

Оваа сезона Хоселу постигна 14 голови и 3 асистенции и покажа дека е исклучително корисен за составот на Анчелоти. Тој практично постугнува во просек по еден гол на секои 92 минути присутни на терен и според овој индикатор во тимот е втор на листата, зад Џуд Белингем (еден кол на 91 минута).

ПретходноСтадионот на кој се играа мечеви од СП 1990 година, денеска е руина (ВИДЕО)
СледноХаланд за минимална победа на Сити против Брентфорд (ВИДЕО)