Синер: Јас сум еден од најдобрите, но Ноле е Ноле

172

Италијанецот Јаник Синер во големо интервју, меѓу другото, зборуваше и за своите емоции и размислувања по освојувањето на Австралијан опен. Тој тврди дека не бил премногу трогнат од овој успех.

“Не размислував за ништо. Чувството беше многу убаво, се разбира, но не размислував премногу – во тие моменти сигурно не можев да бидам свесен што се случи. Гледав некои филмови и заспав“, рече Синер во интервју за италијански „Veniti fer”.

Веднаш се фокусираше на следните должности.

“За време на летот за Италија имав 20 часа. Веднаш размислував како можам дополнително да се подобрам. Се запрашав зошто губам со 2-0 во сетовите, зошто не реагирав порано. Доста сум фокусиран, но тоа не значи да не уживате во моментот“.

И покрај првиот трофеј на Грен слем, тој не се вбројува меѓу фаворитите.

„Тоа е голем збор, имам уште многу работа, сега подобро ме знаат противниците, моите слабости. Би рекол дека сум еден од најдобрите. Зверев и Медведев играат многу добро, Карлос веќе освои два слемови , а тој е две години помлад, а тука е и Ноле – Ноле е Ноле“, рече Синер.

ПретходноИтан Хап го одработи првиот тренинг, се чека уште Војдан Стојановски
СледноПСЖ испрати навредлива понуда до Барселона!