Стадионот на кој се играа мечеви од СП 1990 година, денеска е руина (ВИДЕО)

1428

Поранешниот стадион „Сент Елиа“ во Каљари имаше капацитет од 60.000 гледачи и беше домаќин на три натпревари на Светското првенство во 1990 година. Денес е напуштен и во очајна состојба, бидејќи Каљари се пресели на новата арена „Сардења“ во 2017 година, со капацитет од 16.000 седишта. Стадионот изграден во 1970 година сега е напуштен.

Каљари мораше да го напушти овој стадион во 2012 година поради опасност од струен удар. Поранешниот претседател Масимо Челино тогаш рече: „Еден од нашите вработени за малку ќе настрадаше од струен удар. Таму си го ризикуваш животот. На тој стадион ги нема ниту најосновните безбедносни мерки“. Каљари потоа играше во Трст, а „Сент Елиа“ беше оспособен за игра до 2017 година.

Денес тој стадион е руина. Тревникот е полн со плевел, а дотраените трибини се покриени со шут и прашина.

ПретходноАБА лигата следниот месец ќе одлучи дали клуб од Дубаи ќе игра во натпреварувањето
СледноРеал одлучил: Ќе го откупи договорот на Хоселу