Средниот бек Давид Јаневски потпиша договор со ракометниот суперлигаш Бутел Скопје до 2026 година. Тој доаѓа од редовите на Мулти Есенс, а се работи за кадетски репрезентативец на Македонија. Минатата година тој беше прогласен за најдобар стрелец на кадетскиот Ф4.
Јаневски има играно и за Вардар и Алкалоид во младинските категории.