Брера-Македонија ЃП ќе се игра на уредениот стадион во Турново – влезот е бесплатен

1002

Од Академија Брера соопштија дека натпреварот од 20.коло од ПМФЛ против екипата на Македонија ЃП, ќе се одигра во недела на стадионот во Турново од 14 часот, а влезот е слободен за сите.

Стадионот ќе биде во ново руво сo оглед дека се прават одредени инвестициони зафати на овој комплекс . Трибините се  целосно адаптирани и уредени со цел прием и подобар комфор на посетителите за следење на натпреварот на Брера против Македонија ЃП во Турново. На источната ќе има и освежување. Адаптиран е паркинг простор за влез на стадионот на кој може да се пристапи од двете страни за следење на мечот.

,,Мислам дека против Силекс одигравме тактички добро и се виде таа енергија и желба за подобар учинок во пролетниот дел од првенството. За нас Силекс е веќе минато и сите мисли и погледи ни се насочени за дуелот со Македонија ЃП со кого ќе играме во Турново во недела. Ова нека биде и покана од сите нас во клубот до лубителите на фудбалот да дојдат во Турново и да ни дадат поддршка. Се надевам дека заедно со нив ќе се радуваме на уште еден добар резултат. Убеден сум дека ќе дадеме се од себе за да го продолжиме започнатото од Кратово,, вели капитенот Марко Алчевски.

 

ПретходноНајлудиот автогол оваа година (видео)
СледноПред неколку дена изјави дека сака да игра со Мбапе, а сега Перез го продава!