Ракометарите на Висла Плоцк славеа на средбата со Монпелје со 22:18 и дојдоа до важна победа во трка за место во елиминациската фаза од најсилното европско ракометно натпреварување.
Во првиот дел се играше егал, па и на пауза се замина со 10:10. Борбата се разгоре во вториот дел, каде домашните направија серија која подоцна се покажа и како клучна за победата.
Лучин со 5 гола беше најефикасен кај Висла, додека кај Монпелје, фернандез постигна 4 гола.