Голема победа на германските навивачи: Нема приватни инвеститори, фудбалот останува фудбал!

534

Германската фудбалска лига (ДФЛ), која ја организира Бундеслигата, соопшти дека се откажала од планираниот договор со приватни инвеститори по силните протести на навивачите поради најавата за реализација на проектот.

„Со оглед на актуелните настани, веќе не е можно успешно продолжување на процесот“, рече портпаролот на ДФЛ, Ханс-Јоаким Вацке, по состанокот на телото во Франкфурт.

Уште од објавувањето на проектот, навивачите протестираат против влезот на приватни инвеститори во Бундеслигата. Протестите кулминираа во изминатите неколку недели, при што навивачите ги прекинуваа натпреварите на речиси секој натпревар од Бундеслигата со фрлање предмети на теренот.

Имаше се, јаболка, тениски топчиња, мали автомобили со димни бомби, транспаренти…

Оригиналниот договор требаше да им се дозволи на инвеститорите во Бундеслигата да помогнат да се продава лигата на меѓународно ниво.

ПретходноЈуниорите во силна група во втората фаза од квалификациите за ЕП
СледноОФИЦИЈАЛНО: Срѓан Захариевски e нов тренер на Воска Спорт