ЛШ: Разнишаниот Наполи со нов тренер на дуел со Барселона

195

Големи турбуленции се случуваат во Наполи сезонава. Шампионскиот тим се растури, шампионската атмосфера ја нема, а екипата игра топло-ладно и моментално е далеку од позициите за ЛШ, а не пак да зборуваме за „скудетото“ во Серија А.
Вечерва Наполи игра дома против Барселона. Навивачите очекуваат чудо, а фудбалерите се должни да им приредат сензација со оглед на тоа дека разочарувачки играат во шампионатот.

Во вторникот Наполи го смени Валтер Мацари и за привремено решение го именува Франческо Калцона, кој патем работи како селектор на репрезентацијата на Словачка. Тоа е трет тренер на тимот сезонава (почна Руди Гарсија).

И во Барселона не цветаат рози. И овој шампионски тим е разнишан, резултатите не се очекуваните, а Чави најави заминување по завршување на сеоната.
Двата тима ќе мора да им покажат на фановите дека се уште имаат мотив и за големи мечеви и победи.

Што се однесува до историјата Наполи никогаш не ја победил Барселона во официјален меч (две ремија и два порази). Да кажеме и дека Барселона доби само еден од последните 10 натпревари на гостински терен во нокаут фазата во ЛШ (четири ремија и пет порази).

МОЖНИ СОСТАВИ:
НАПОЛИ: Мерет – Ди Лоренцо, Остигард, Рахмани, Мацоки – Ангуиса, Лоботка, Кајуст – Политано, Кварацкелија – Осимен
БАРСЕЛОНА: Тер Штеген – Кунде, Араухо, Мартинез, Кансело – Де Јонг, Кристенсен, Гундоган – Јамал, Левандовски, Педри

A на „Драгао“ во Португалија ќе се соочат Порто и Арсенал. Историски, „топчиите“ лошо поминувале на гостувањата кај Порто, но затоа дома биле одлични.
Претходните три натпревари се порази од 2:1 и 2:0 и едно реми 0:0. Дома минувал подобро 5:0, 4:0 и 2:0. Последните дуели им се од 2010 година.

ПретходноЛесјак: Против Кил да се претставиме во најдобро светло!
СледноКевин Дурент: Сакам на ОИ во Париз да покажеме колку сме моќни, сите да ги победиме со по +50 разлика!