Актуелниот европски првак Магдебург вечерва во мечот од 12. Коло во Лигата на шампионите со убедливи 37:27 славеше на гостувањето кај Целје, со што ја оствари и 10-тата победа во групната фаза.
Магдебург во текот на целиот меч беше подобар тим и сосема заслужено дојде до убедлив триумф.
Магнусон со седум и Мертенс и Клар со по шест гола беа најефикасни кај гостите, додека кај Целје, Цокан заврши со осум гола.
Ракометарите на Загреб демонстрираа моќ на гости кај Колштад и обезбедиј апобеда вредна пласман во следната рунда. Хрватскиот шампион славеше со убедливи 34:25 и ја оствари петтата победа, па сега има три бода повеќе од Колштад на шестото место кое носи во разигрувањето.
Куни Моралес и Кос со по 5 гола беа најефикасни кај Загреб, Дибиров и Сухолезник постигнаа по 4.
Пик Сегед, пак, им направи доста проблеми на ракометарите на Алборг, кои на крајот сепак славеа со 31:26. Влах со 5 гола го предводеше тимот на Алборг до седмата победа со која Алборг барем за момент се врати на врвот во групата.