Макаби Хаифа е прв осминафиналист во Конференциската лига

63

Фудбалерите на Макаби Хаифа се првиот осминафиналист во Конференциската лига на УЕФА. Вечерва во реванш дуелот со Гент на гостински терен, Израелците останаа непоразени играјќи со резултат 1:1 и поради победата на првата средба од 1:0 си го обезбедија местото во следната фаза од натпреварувањето.

Макаби Хаифа вечерва поведе уште во 4. минута со голот на Пиеро, со кој најави дека ќе патува во осминафиналната рунда. Гент успеа да израмни во 69. минута преку Тисудали, а до крајот на мечот Белгијците имаа и играч повеќе по исклучувањето на гостинскиот фудбалер Сундгрен, но и тоа не успеаја да го искористат за победа.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Срѓан Захариевски e нов тренер на Воска Спорт
СледноМагдебург доминираше кај Целје, Загреб го растури Колштад