Минути го делеа Алиоски до трансфер во Динамо Загреб!

4784

Македонскиот репрезентативец Џани Алиоски поради технички проблем не стана фудбалер на Динамо Загреб, откако поради технички проблем неговиот трансфер не бил пријавен во комет системот.

Во последниот ден од преодниот рок во Хрватска, кој заврши на полноќ на 15 февруари, Алиоски имаше договор на една и пол година со Динамо Загреб. Потпишан договор и истиот приложен за регистрација.

Сепак грешката е направена во Саудиска Арабија и најверојатно поради разликата во часовните зони. Трансферот не е навремено реализиран и истиот пропадна со што пропадна и можноста Алиоски да го гледаме во ист тим со Аријан Адеми и Стефан Ристовски. “СпортСпорт“ дознава дека Динамо Загреб се договорил со фудбалерот и со неговиот клуб Ал Ахли, кој се согласил да исплати голем дел од сумата која Алиоски ја има на хартија до крајот на обрските кон оваа екипа. Поради Динамо Загреб нашиот репрезентативец одбил трансфер во турскиот Башакшехир по што останува со празни раце и сега мора да игра само за вториот тим на Ал Ахли, но со богат договор и добра плата секој месец.

ПретходноМекиќ: Естонија нека биде фаворит, ние мораме да излеземе на терен максимално подготвени!
СледноГотово е: Баерн и Тухел се разделуваат, ама во јуни!