Во Лигата на шампионите во КОНКАКАФ зоната (Северна и Средна Америка) се одигра мечот меѓу Депортиво Саприса од Костарика и Филаделфија Јунион од САД. Тоа е првиот меч од 1/16 финалето на овој турнир.
Домашниот тим поведе со неверојатен автогол. Норвешкиот дефанзивец на Филаделфија, Џејкоб Глеснес се обиде да ја врати топката до својот голман, а тој лошо ја процени и таа заврши во мрежата.
На голманот му беше тешко да реагира на топка која отскокнува бидејќи не требаше да игра со рака, а не успеа да реагира со тело или нога и потоа беше тешко да се запре таа да не влезе во голот.
Саприса водеше на полувреме со тој погодок, а во вториот дел Филаделфија го сврте резултатот и победи со 3:2.
Simply one of the best own goals you are likely to see from Jakob Glesnes of Philadelphia Union in the CONCACAF Champions Cup.
The limbs from the Saprissa fans too!
pic.twitter.com/7dMHO1Voyt— The European Football Express (@TheEuroFE) February 21, 2024