Ете и тоа го има во Барселона, клуб кој некогаш важеше за најдобар, најголем во свето, се разбира заедно со Реал Мадрид. Сепак веќе извесно време не е така, посебно не оваа сезона во која клубот е огромни проблеми од секаков вид, па и на резултатски план.
Се знае дека по зваршувањето на сезоната Чави Ернандез си оди, но од ден на ден тој со своите постапки се повеќе ги иритира играчите.
Имено тој почнал да им ги прегледува пораките на мобилните на своите играчи се со цел да утврди кој од нив е “кртот“, кој им ги кажува информациите за се она што се случува во соблекувалната на новинарите.
И засега не открил кој е тоа, а фактот дека и оваа информација “протекла“ тоа зборува многу за се она што се случува во Барселона.