И натаму продолжува агонијата за Карлос Алкараз. Тенисерот од кој се очекуваше да биде легитимен наследник на Новак Ѓоковиќ се и натаму има проблеми со повредите и никако не може да врзе неколку добри мечеви и добри турнири.
Па така утринава во рамките на 1/16 финалето на турнирот во Рио де Жанеиро против Монтеиро уште во првиот сет при резултат 1:1 го извитка зглобот и мораше да го прекине мечот.
Бадијала лекарската помош, Шпанецот едноставно мораше да го напушти теренот. Ова значи дека ќе загуби АТП бодови ако се знае дека тој лани го освои овој турнир.
Jugando con Monteiro que pasa a siguiente ronda en #RioOpen
Carlos Alcaraz sufre esta lesión en el tobillo Ánimo “Carlitos” dice adiós a #RioOpen10Anos
🎾— ཛ〽️♪╚♪º/▌ ✧ 𝕏 (@emilioantonio08) February 21, 2024