Стана африкански шампион, па закачи маларија

221

Фудбалската селекција на Брегот на Слоновата Коска направи голем успех со освојувањето на Африканскиот куп на нации, но еден од фудбалерите на тимот не успеа да и се израдува на титулата како што треба.

Имено, на фудбалерот на Фиорентина, Кристијан Куаме, му била дијагностицирана маларија. Тој бил позитивен на оваа болест и бил хоспитализиран.

Неговата состојба ќе биде повторно проценета за неколку дена. На Африканскиот куп на нации тој настапи на 4 натпревари од кои на 3 беше во стартниот состав.

ПретходноПовредата на Алкараз не е сериозна, се враќа на тренинг за неколку дена
СледноЛиверпул, пак, победи со пресврт, овој пат настрада Лутон (ВИДЕО)