Младата машка одбојкарска репрезентација на Македонија за играчи до 18 години се најде во тешка група за престојната втора фаза од квалификациите за Европското првенство. По успешно минатиот прв зонски-филтер, избраниците на селекторот Ванче Санев обезбедија место во вториот квалификациски филтер, каде за противници ги добија селекциите на Италија, Грција и Израел.
Грците веќе ни беа противници и во првата фаза во Струмица каде не победија со 3:0. Италијанците кои ќе бидат домаќини на турнирот се големи фаворити, а и Израел останува да се види со каква генерација располага. За нашите јуниори, ова ќе биде уште една голема шанса за искуство и за себедокажување.
Квалификацискиот турнир во Италија ќе се одржи од 12 април.