Јуниорките против Србија, Чешка и Холандија во вториот филтер од квалификациите за ЕП

57

Иако не успеаја да остварат ниту една победа на зонските квалификации во Софија кои се одржаа во јануари, сепак, нашите млади одбојкарки до 18 години добија шанса да одат и во вториот филтер од квалификациите за ЕП.

Поради откажувањето на неколку селекции, Македонија се најде на ждрепката за групите кои во април ќе се одржат турнирски. Нашите млади репрезентативки предводени од селекторот Александар Митев ќе одат на квалификацискиот турнир во Србија, каде покрај домаќинот, противници ќе ни бидат и репрезентациите на Чешка и Холандија.

Во силна конкуренција, избраничките на Митев ќе можат да го искористат овој квалификациски турнир за да акумилираат големо искуство, но и да покажат придвижување на формата во нагорна линија.

ПретходноМагдебург доминираше кај Целје, Загреб го растури Колштад
СледноПовредата на Алкараз не е сериозна, се враќа на тренинг за неколку дена