Алжирскиот голман и актуелен член на нашиот првак, Калифа Гедбан, по завршувањето на сезоната ќе си оди од Е. Пелистер. Тој ќе направи трансфер во најсилната лига во светот, во ракометната Бундеслига и тоа во тимот на Ерланген, а тој трансфер денеска беше потврден од страна на германскиот клуб.
“Веќе извесно време го следиме Гедбан и не криеме дека сме среќни што успеавме да се договориме со него. Покрај тоа што поседува импресивни физички карактеристики, тој е многу агилен и секако дека ќе ни биде од голема помош“ истакна тренерот на Ерланген.