И официјално Ретклиф стана сопственик на 27,7% од акциите на Манчестер Јунајтед!

475

Манчестер Јунајтед со соопштение потврди дека Сер Џим Ретклиф и официјално станал сопственик на 27,7% од акциите на клубот. Во соопштението се вели дека еден од најбогатите луѓе во В. Британија инвестирал 300 милиони долари во развојот на клубот. Со тоа Ретклиф станува најголемиот инвеститор на клубот од „Олт Трафорд“ ако се знае дека останатиот дел од акциите се поделени меѓу браќата Глејзер.

Да се стане сопственик на Манчестер Јунајтед е голема чест, но исто така и голема одговорност. Ова е само почеток на враќање на на клубот на врвот на англискиот, европскиот и светскиот фудбал“ истакна покрај другото Ретклиф.

Претходно„Билд“: Шест фудбалери на Баерн го „местат“ Тухел
СледноПродолжува агонијата: Алкараз се повреди во Рио и го предаде мечот! (ВИДЕО)