Кевин Дурент: Сакам на ОИ во Париз да покажеме колку сме моќни, сите да ги победиме со по +50 разлика!

385

Јасно е дека селекцијата на САД на ОИ во Париз ќе има страшен тим, едноставно непобедлив кон атакот на златниот медал. Покрај Леброн Џејмс и Кевин Дурент и официјално потврди дека ќе настапи на ОИ и дека го посакува своето четврто олипмписко злато по оние во 2012, 2016 и 2021.

Не кријам дека го посакувам и четвртото злато на олимпијадите, посакува да имам нормална минутажа и да го дадам својот придонес. Кога ќе одиме во Париз сакам да им пратиме порака на нашите ривали. Да покаже моќ, да ги победиме сите со по +50 поени разлика“ рече покрај другото еден од најдобрите кошаркари во НБА.

ПретходноЛШ: Разнишаниот Наполи со нов тренер на дуел со Барселона
СледноНајлудиот автогол оваа година (видео)