ЛШ: Реми во Неапол, Галено од трагичар, до херој за Порто (ВИДЕО)

362

Со гол во завршните секунди на мечот, Порто славеше над Арсенал со 1:0 и со минимална предност ќе патува на реваншот во Лондон во осминафиналето на Лигата на шампионите. Барселона остана непоразена во Неапол, иако имаше шанси и за победа, но на крајот одигра 1:1 и шансата за четвртфинале ќе ја бара дома.

Наполи и Барселона одиграа прилично мирно прво полувреме. Каталонците имаа за нијанса повеќе од играта и две убави шанси кои Левандовски и Гундоан не успеаја да ги претворат во гол. Сепак, по мирното прво полувреме, следуваше многу повозбудливо продолжение.

Левандовски го отвори резултатот во 60. минута по асистенцијата на Педри и со тоа четврти меч по ред се запиша во листата на стрелците кај Каталонците. Наполи беше упорен да израмни и преку повратникот во тимот Осимен во 75. минута успеа да дојде до 1:1, кои на крајот беа и конечен резултат на мечот.

Порто и Арсенал одиграа меч во кој скоро и да не видовме шанси за гол, но на крајот домашните со еден мајсторски погодок на Галено во 94. минута, сепак, славеа и обезбедија минимална предност пред реваншот.

Едната единствена зрела 100% шанса за гол во првиот дел ја имаа домашните. Стрелецот на победничкиот гол Галено промаши зицер кој беше потешко да се промаши отколку да се погоди. Арсенал се реши на позатворена варијанта, остана да брани 0:0, но во завршницата, сепак, Раја беше матиран, а Порто со минимална предност оди во Англија.

ПретходноВисла Плоцк со многу важна победа над Монпелје
СледноБразил без Алисон за пријателските средби со Англија и Шпанија