Мекиќ: Естонија нека биде фаворит, ние мораме да излеземе на терен максимално подготвени!

120

Во пресрет на мечот со Естонија, во рамите на квалификациите за ЕП, нашите најдобра кошаркари под водство на селекторот Александар Јончевски интензивно се подготвуваат.

Еден од нашите адути за петочниот меч секако дека е Адем Мекиќ, кошаркарот на Задар.

Ни доаѓа на гости селекција која игра агресивна и брза кошарка и која е во постојан напредок. Од друга страна ние сме домаќини, играме на домашен терен, имаме млада екипа, надополнета со неколку искусни поединци. Мораме да излеземе на терен максимално подготвени, верувам во нашата репрезентација, во оваа екипа, имаме играчи како Димитријевиќ, Војдан и Дамјан Стојановски, Крстевски…кои се искусни и квалитетни кошаркари“ вели Мекиќ и додава дека фаворитската улога и ја препушта на селекцијата на Естонија:

Да, нека биде Естонија фаворит. Добро е тоа што овие мечеви доаѓаат по завршницата од Купот на Македонија, имено јасно е дека формата е темпирана за овој период, сепак од друга страна постои и физичка замор и емотивна исцрпеност. Ќе видиме како тоа ќе се одрази на теренот“ изјави нашиот репрезентативец.

ПретходноВардар и Работнички за неколку дена се враќаат на арената!
СледноМинути го делеа Алиоски до трансфер во Динамо Загреб!