Модриќ сака да игра на СП 2026! Затоа ја одбил понудата на Дон Карло!

621

Статусот на Лука Модриќ (38) во Реал Мадрид е лош за Хрватот. Оваа сезона, која е последна за него во Мадрид со оглед на тоа дека договорот му истекува во јуни, ретко кога е стартер а добива се помала и помала минутажа.

Модриќ е гневен, но сеуште не кажува што и како и во иднина. А се знае дека има понуди од МЛС и С. Арабија.

Интересно беше вчера откако медиумите во Шпанија открија дека Карло Анчелото му понудил на Лука во следната сезона да биде дел од неговиот стручен штаб. Но по неколку часови исто така се појави информација дека Хрватот ја одбил таа понуда со оглед на тоа дека тој сака да игра на СП 2026 и дури потоа имал немера да се пензионира, а тоа значи дека Модриќ ќе игра фудбал најмалку уште две сезони.

ПретходноПродолжува агонијата: Алкараз се повреди во Рио и го предаде мечот! (ВИДЕО)
СледноХаланд синоќа испиша историја во ПЛ, а Пеп откри дека во изминатите денови Норвежанецот доживеал семејна трагедија!