Екипата на Воска Спорт вечерва и официјално го потврди нашиот стручњак Срѓан Захариевски како нов тренер во продолжението на сезоната.
Раководството на клубот од Охрид и 50-годишниот стретег денеска го потпишаа договорот, а Захариевски официјално го претстави претседателот, Нефи Усеини
Сеит Крека, кој досега работеше со младите возрасни групи во клубот ќе му бид епомошник. Захариевски и Крека уште денеска почнаа со работа и го одржаа првиот тренинг.
Дебито на Захариевски на клупата на Воска ќе биде викендов на дуелот со Силекс во рамките на 20-то коло во Првата македонска фудбалска лига.