ПМФЛ: Супер – дербито во Струга се игра в сабота, сите останати мечеви од 20.коло се закажани за во недела!

532

Претстојниот викенд се играат мечевите од второто пролетно или 20.коло во тековната 2023/24 сезона во ПМФЛ. Секако дека најголемо внимание предизвикува мечот во Струга каде силите ќе ги одмерат шампионот и моментално лидерот на табелата, тимот на Шкупи. Овој меч меѓу Струга ТЛ и Шкупи се игра во сабота (24.02.2024) со почеток од 14 часот на Градскиот стадион во Струга, се разбира низ директен ТВ пренос на МТВ и Арена.

Останатите мечеви од ова коло се закажани за во сабота, исто со почеток од 14 часот, се среќаваат Вардар – Брегалница, Тиквеш – Работнички, Воска Спорт – Силекс, Брера Струмица – Македонија ЃП и Шкендија – Гостивар.

ПретходноНеверојатно: Чави им ги прегледувал пораките на своите играчи на нивните мобилни!
СледноДа се знае кој е кој: Нејмар како шеик во соблекувалната на Ал Хилал! (ВИДЕО)