Продолжува агонијата: Алкараз се повреди во Рио и го предаде мечот! (ВИДЕО)

458

И натаму продолжува агонијата за Карлос Алкараз. Тенисерот од кој се очекуваше да биде легитимен наследник на Новак Ѓоковиќ се и натаму има проблеми со повредите и никако не може да врзе неколку добри мечеви и добри турнири.

Па така утринава во рамките на 1/16 финалето на турнирот во Рио де Жанеиро против Монтеиро уште во првиот сет при резултат 1:1 го извитка зглобот и мораше да го прекине мечот.

Бадијала лекарската помош, Шпанецот едноставно мораше да го напушти теренот. Ова значи дека ќе загуби АТП бодови ако се знае дека тој лани го освои овој турнир.

ПретходноИ официјално Ретклиф стана сопственик на 27,7% од акциите на Манчестер Јунајтед!
СледноМодриќ сака да игра на СП 2026! Затоа ја одбил понудата на Дон Карло!