Добра вест за Анчелоти: Ридигер се врати на тренинг

131

Централниот дефанзивец на Реал Мадрид, Антонио Ридигер, продолжи со тренинзи заедно со своите соиграчи, откако заработи повреда за време на победата на Реал со 2-0 во дербито со Хетафе на 1 февруари.

Ова е одлична вест за Карло Анчелоти, кој наскоро повторно ќе може да се потпре на германскиот дефанзивец. Ридигер ги пропушти последните четири натпревари на Реал Мадрид против Атлетико Мадрид, Жирона, РБ Лајпциг и Рајо Ваљекано.

ПретходноМитревски и Порто поразени кај Барса, ПСЖ го „растури“ Келце
СледноЛЕ: Олимпик (М) и Спарта моќно до осминафиналето (ВИДЕО)