Женската репрезентација на Македонија во Тбилиси ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Грузија.
Контролните натпревари ќе бидат одиграни на 25 и 28 февруари.
Нашите фудбалерки вчера официјално ги започнаа подготовките за претстојните дуели против Грузија.
Селекторот на на женската репрезентација на Македонија, Кирил Изов даде своја анализа и коментар за претстојните предизвици
– Нашиот следен противник, репрезентација на Грузија беше во последниот квалификациски циклус, беше дел од дивизијата Ц во рамките на Групата на нации. Се работи за тврд противник, составен претежно со фудбалерки кои играат во домашното првенство. Во последниот период оваа репрезентација во континуитет се подобрува и напредува, постигнувајќи се подобри резултати.
– Во овој двомеч очекуваме да се покажеме до добро светло. По завршувањето на квалификацискиот циклус во рамките на Лигата на нации дојде до голема промена и подмладување на нашиот играчки кадар. Овие два натпревари ќе бидат одлична можност за нашите млади фудбалерки подобро да се вклопат во нашиот систем на игра и да дебитираат во репрезентацијата на Македонија.
– Ќе ги искористиме овие два контролни натпревари, за да се подготвиме подобро и да видиме кои од повиканите млади фудбалерки би можеле да донесат свежина и поголем квалитет во наредниот циклус на квалификации за Европско првенство 2025 година.
– Поголемиот дел од нашите фудбалерки сеуште не се во посакуваната натпреварувачка форма и тоа е нормално со оглед на тоа што кај нас сеуште не е започнат пролетниот дел на првенството. Фудбалерките кои играат во странство се веќе во натпреварувачки ритам и се наоѓаат во одлична форма, посебно нашиот капитен Наташа Андонова која игра во врвна форма во својот Леватне во Шпанската прва лига.
– Атмосферата во селекцијата е одлична. Поскусните фудбалерки како Андонова, Рочи, Мустафа, Коларовска и Максути се одлична поддршка на младите фудбалерки.
– Во април почнува новиот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство 2025 година, со нетпрение ги очекуваме нашите противници. Верувам дека ке имаме одлични квалификации и ќе постигнеме добри резултати. Се надевам дека ќе го поправиме лошиот впечаток од настапите во првото издание од Лигата на нации.