Фудбалерите на Олимпијакос, Унион Ст. Жилоа, Молде и Штурм се пласираа во осминафиналето на Конференциската лига. Олимпијакос беше подобар во двата меча и заслужено се пласираше во следната рунда од натпреварувањето во дуелот со Ференцварош. Како и на првиот меч, Грците славеа со идентични 1:0.
По ремито 2:2 во Брисел, фудбалерите на Унион Ст. Жилоа го изненадија Ајнтрахт во Франкфурт. Домашни навивачи очекуваа сигурна победа, но Белгијците на крајот славеа со 2:1 и обезбедија место во осминафиналната фаза.
Во Варшава Легија доживеа дебакл од Молде. Гостите по победата од 3:2 на првиот меч, сега на гости славеа со 3:0.
Пласман понатаму потврди и Штурм по втората победа над Слован Братислава, овој пат на гости со 1:0.