Легендарниот Германец: Не би одбил понуда од С. Арабија вредна 100 милиони евра по сезона!

221

Феликс Магат е легенда во германскиот фудбал, посебно како играч на Хамбургер кога во 1983 година со неговиот гол во финалето против Јувентус, овој тим ја освои тогашната ЛШ или Купот на Шампионите.

Еден од клучните играчи во тогашната селекција на Германија.

Се прослави и како тренер, а деновиве во врска со честите заминувања на играчите и тренерите во С. Арабија, каде се земаат огромни пари имаше свој коментар.

Видете, јас ги разбирам Роналдо и Бензема, но и сите останати кои прават трансфери во С. Арабија. Па и јас не би одбил понуда од С. Арабија вредна 100 милиони евра по сезона“ истакна Магат.

ПретходноЗарем е можно? Најбараниот германски фудбалер е недостижен сон за Баерн Минхен!
СледноПеп откри што сака да работи после Сити: Само не знам кој би ме сакал!