Вечерва ќе се одиграат повеќе реванш мечеви од плеј-офот за пласман во 1/8 финалето во Лигата на Европа и Лигата на Конференции.
Секако дека најголемо внимание на овие простори предизвикува вториот дуел од оваа фаза во ЛК и тоа во Загреб на “Максимир“ меѓу Динано и Бетис. Познато е дека минатата недела на гостувањето во Шпанија, нашиот интернационалец Стефан Ристовски и другарите славеа со 0:1, па сега им е потребно и реми за пласман понатаму, за фантастичен успех.
Секако дека на “Максимир“ ќе гори, секако дека Динамо е на чекор до следната фаза, но и Бетис си има свои сметки. Шпанскиот клуб е сака со победа среде Загреб да си ја оствари целта.
Мечот започнува во 18.30 часот.
Во продолжение можете да ги видите кој се игра вечерва во оваа фаза од ЛЕ и ЛК:
ЛИГА ЕВРОПА – РЕВАНШИ
18:45 Ч
Фрајбург – Ленс (0:0)
Карабах – Брага (4:2)
Рен – Милан (0:3)
Тулуз – Бенфика (1:2)
21:00 Ч
Рома – Феенорд (1:1)
Марсеј – Шахтјар (2:2)
Спарта Прага – Галатасарај (2:3)
Спортинг – Јанг Бојс (3:1)
*Во загради се резултатите од првите мечеви
ЛИГА КОНФЕРЕНЦИИ – РЕВАНШИ
18:45 Ч
Бодо/Глимт – Ајакс (2:2)
Динамо Загреб – Бетис (1:0)
Лудогорец – Сервет (0:0)
21:00 Ч
Франкфурт – Ројал Унион (2:2)
Ференцварош – Олимпијакос (0:1)
Легија – Молде (2:3)
Слован – Штурм (1:4)
*Во загради се резултатите од првите мечеви