Претходната вечер започна новата сезона во МЛС лигата, а во премиерниот меч еден од фаворитите за победа, Интер Мајами, на својот стадион го совлада Реал Солт Лејк со резултат 2:0.
Меси, Луис Суарез, Жорди Алба и Бускетс го започнаа натпреварот во тимот на Мајами.
Во центарот на вниманието секако беше најдобриот светски фудбалер Лионел Меси, одигра одлично, но со еден потег на натпреварот го навлече гневот на фудбалските фанови особено на социјалните мрежи.
Имено, Меси при еден дриблинг се занесе, па дури и прескокна играч кој лежеше повреден на теренот, не се сети да застане, за да му се помогне на фудбалерот. Тој го помина повредениот играч без да трепне, па оваа негова постапка стана хит на социјалните мрежи, навивачите ја споделуваат од секој агол. Затоа беше на вестите по натпреварот.
Messi really chipped a player who was down injured 💀 pic.twitter.com/BN3fpsDjxy
— B/R Football (@brfootball) February 22, 2024