Ангеловски: Кил ни ќе покаже каде мора да напредуваме ако сакаме да се носиме со гигантите!

88

Пелистер е пред нова и тешка задача во Лигата на шампиони. Актуелниот македонски првак има 11 порази во низа, а веќе денеска ќе се соочи со Кил во меч од 12. коло во Лигата на шампиони.

Предводникот на Пелистер, Бранко Ангеловски од оваа пресметка гледа како на едно големи искуство, шанса да видат на кое ниво се, каде треба да напредувааат.

„Иако сезонава не играат според посекувањата во домашното првенство, Кил е клуб со огромна традиција, кој сезонава сака да стигне до титулата во Лигата на шампионите. За нас ова е голема шанса да видиме колку сме блиску или далеку од нив, со можност за натпревар кој ќе ни покаже каде мора да напредуваме ако сакаме да се носиме со гигантите во иднина. Посакувам натпреварот да биде сличен како оној со ПИК Сегед во Битола. Бевме блиску и до реми и до победа, но финиширавме во еден грч кој се покажа клучен за поразот. Ќе биде интересен дуел затоа што Кил атакува на Ф4 во Келн а за нас ќе биде ново огромно искуство“, изјави Ангеловски.

Натпреварот меѓу Кил и Пелистер е закажан со почеток во 18:45 часот.

ПретходноСудиска анализа: Судењето во ПМФЛ на ниво, само една грешка кај второлигашите!
СледноКлоп: Второто полувреме беше вистинска бура